Стаинер: Местото на Гросжан не е во опасност

45

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, ги отфрли како неточни гласините дека Роман Гросжан е под ризик дека ќе го загуби своето возачко место по честите грешки оваа сеозна и недостатокот на поени.

Навистина не знам од каде се тие  гласини, но не се вистинити. Мислам дека мојата изјава е најлесен начин да се сопрат истите. Некој има две лоши трки и гласините веднаш почнуваат. Се што треба да направиме е да го вратиме способниот и конкурентен Роман што сите го знаеме. Тој имаше две лоши трки, а јас не сум нефер човек кој клоца некого кога истиот е на колена – објасни Стаинер.

Од страна на новинарите, Гутнер беше запрашан дали има чести разговори со возачот по се поголемиот број на грешки кои ги прави.

Не би рекол дека имаме интензивни разговори затоа што во тоа нема цел и истите не се продуктивни. Во текот на трката, штом се одкажа, веднаш отидов да разговарам со него, знам дека сие имаме лоши периоди во животот и кариерите, но ми кажав дека ќе го преброди периодов.

Она што може да го направи е да се посвети и фокусира на она што следи, да остане позитивен затоа што негативноста не носи ништо. Сите знаеме што може да направи и колку е добар во Монте Карло и поради тоа му треба фокус.


Стаинер: Местото на Гросжан не е во опасност

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>