Стаинер: Магнусен ништо не погреши

79
   

Според шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, тимот на Заубер и Шарл Леклер нема за што да се бунат и да бидат вознемирени затоа што неговиот возач Кевин Магнусен не погрешил ништо на денешната трка. Возачите се судри на почетокот од вториот круг кога ШАрл сакаше да го мине Хаас-от и мина десно од него, но данецот експресно го следеше и блокираше во зоната на сопирање.

Болидот на Леклер го удри Магнусен од позади, а К-Маг заработи дупната задна лева гума, што по 7 кругови донесе и до откажување од трката. Идниот возач на Ферари, од своја страна, мораше да менува предно крило и гуми, порано од планираното.

Леклер влета во него. Дефинитивно влета во него.

Кевин не кочеше, не го притискаше или нешто слично, само се помести во неговата линија. Што да направи, да го пушти да помине? – смета Стаинер.

Запрашан од страна на motorsport дали Магнусен се поместил на недозволен и опасен начин, Гунтер појасни.

Се беше направено пред зоната за кочење и не беше опасно.

Мислам дека Леклер треба да превземе дел од одговорноста затоа што треба самиот да пресуди што може да направи, а што не.

Магнусен не влета од страна во неговито болид, тој беше јасно напред и можеше да ја одбере која сака линија на движење.

По трката, Шарл го нарече потегот на Магнусен многу опасен, но потсети и на минатите инциденти на данецот. Сезонава и Пјер Гасли и Фернандо Алонсо имаа мака со Кевин.

Повторно го обвинуваат него и искрено ми се смачи. Ако некој има проблем со нешто, обвини го Кевин, ионака тоа е нормално – лут е Стаинер.


Стаинер: Магнусен ништо не погреши

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>