Шефот на Хаас, Гунтер , изјави дека неискуството на неговата екипа е виновно за тоа што не го победија Рено за 4то место кај конструкторите на крајот од сезоната.

Американцие беа во борба со француската фабричка екипа долго време сезонава, но загубија од нив на крајот. Иако негативата на крајот беше цели 29 поени, Стаинер не жали за исходот затоа што нивните грешки скапо ги чинеле.

наша вина беше што не завршивме на 4то место, но тоа е дел од нашето учење како тим. никогаш нема да заборавивме дека ова го постигнавме во само 3та сезона во нашата историја. да се заврши на 5то место е одлично, но да не заборавиме дека сме први од приватните тимови, така сакам да кажам, затоа што оние пред нас се сите фабрички екипи, освен ред бул кои работат како фабрички тим.

секогаш ќе се навраќаме и ќе сметаме дека можевме до 4то место на крајот, но ништо не добиваме од тоа и поради тоа јас решив да бидам среќен и задоволен од 5то место – изјави стаинер.

Италијанскиот тимски шеф не треба да се потсетува на пропуштените можности на екипата за добри поени сезонава, особено на првата трка во Австралија каде менувањето гуми ја упропасти трката на двајцата возачи. Но, Стаинер смета дека е добро што научиле од тоа и повеќе не ги прават истите грешки.

за мене е важно да не ги повторуваме грешките, правите грешка еднаш, тоа е лошо, но многу полошо е ако ја повторите грешката. тоа се вика учење.

како со менувањето гуми, имавме катастрофа во австралија, но потоа немавме ниту еден сличен проблем, значи занеме да научиме.

треба да се осигураме да го задржиме ова удобно место во кое се наоѓаме затоа што менувањето гуми по австралија беше побавно, но не грешевме и тоа беше исправното нешто, да се врати самодовербата во процесот. реагиравме исправно, не обвинивме никој, знаемве и рековме дека ќе се подобриме, тоа и го сторивме, тоа е начинот на кој се подобруваме.

има многу други работи кои не се гледаат од надвор, тоа е дисциплиината. мислам и дека се подобривме поради тоа што погрешивме и решивме да се поправиме, тоа и го направивме. мислам дека нашиот тим е одличен – заврши стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.