Кевин Магнусен и Роман Гросжан можеби имаат потешкотии кога едниот или другиот не е побрз, но тимскиот шеф Гунтер Стаинер ги советува дека тоа не треба да се гледа како негативна страна.

Минатата сезона двајцата возачи поминаа низ тежок период во различни сегменти од сезоната. Иако Гросжан имаше ужасен старт, со повеќе инциденти одколку пласмани во поени, Магнусен се здоби со негативен имиџ поради агресивното возење против останатите ривали. Сепак, двајцата како целина во Хаас функционира, а доказ за тоа е пласманот на петто место кај конструкторите во 2018 година. Стаинер им посочува на возачите да гледаат кон “големата слика“.

Тоа е нешто што се случува во нивните глави. Ниту едниот ниту другиот не е добар кога не е најбрзиот возач во тимот. Роман и Кевин мора да се притискаат еден со друг.

Исто, мора да научат дека е сосема во ред ако едниот или другиот е втор најбрз возач во тимот. Не е ужас ако не си најбрз секој викенд. Може да се победи во војната, без да се победи во секоја битка.

Целта за 2019 година мора да биде пласман на четврто место кај конструкторите. Мислам дека е возможно. Бројките кои ги добивам од нашите инженери се ветувачки, но не знам што прават другите.

Изгледа ветувачки, Но тешко е да се прави споредба со минатата година, бидејќи правилата се поинакви – изјави Стаинер.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.