Тимскиот шеф на Хаас Ф1, Гунтер Стаинер, вели дека интензивната битка на нивната екипа со Рено и со Форс Индија не попречиле во развојот на болидот за 2019 година.

Тимскиот шеф на поранешната екипа на Јагуар Рејсинг, имаше најуспешна сезона досега со американската екипа, во која и Кевин Магнусен и тимот се борат за титулата “најдобри од останатите“.

Стаинер е јасен дека иако битката била интензивна, напредокот за болидот за наредната сезона продолжил според планот.

Развојот на болидот за 2019 година одлично се одвива. Како што секогаш велам, колку и да сум среќен со тоа што го правиме и со тоа што нашата екипа прави за да се развие, немам идеја што прават другите екипи и колку се позади нас.

Не знам колку ја развиваат аеродинамиката и потисната сила. Единствен начин да го дознаеме тоа е во Шпанија наредната година на предсезонскиот тест во Февруари.

Свесно одлучивме пред летната пауза да се фокусираме кон 2019 година, така што битката во средината не ни го одвлекува вниманието – вели Стаинер.

Промените во аеродинамиката за 2019 година ги натераа тимовите да го променат својот пристап се до 2021 година кога ќе има целосна промена на правилата за агрегати, кои пак сеуште не се целосно јасни за тимовите.

Регулативата за агрегатите во 2021 година не е сеуште одлучена. Сеуште има преговори. Мислам дека моторите ќе останат како што се сега или блиску до тоа. Мислам дека производителите работат кон намалување на трошоците. Но одлуката сеуште не е донесена.

Мислам дека стигнавме до добро ниво на бучност. Ако се погласни, ќе биде подобро, но мислам дека нивото е добро. Тоа е многу важен елемент бидејќи од 2021 година се обидуваме да ги ограничиме трошоците. Моторот е голем фактор на трошоци за секоја екипа. Колку чини помалку, толку подобро, бидејќи ќе може да се фокусираме кон други области на развој.

Штом ги добиеме правилата, а сеуште нема дефиниран датум, ќе одлучиме кога да се фокусираме кон 2021 година. Очигледно мора да ги менаџираме болидите со кои се тркаме, а ако ги дознаеме правилата во 2019 година, сеуште треба да го развиваме болидот за 2020 година. Се додека не ги добиеме конечните правила, технички или спортски, не може да донесеме одлука кога да започнеме со развојот за 2021 година – додаде Стаинер.

На само 2 трки до крајот, Хаас се на петто место во пласманот на конструктори и само 30 поени позади ривалите Рено. По трката во САД минатиот месец, Хаас објавија дека имаат нов главен спонзор за 2019 година, енергетскиот пијакол, Рич Енерџи.

Оваа недела тие објавија и ново партнерство со Peak Coolant & Antifreeze и BlueDEF Diesel Exhaust Fluid, додека екипата се обидува да ја зголеми својата конкурентност за следната сезона.

Мислам дека тоа кажува се. Со успех, повеќе компании се заинтересирани за соработка бидејќи има големо влијание над вас. Секој сака да биде со успешни луѓе.

Многу е тесно во средината и мислам дека имаме многу интересна битка. Секогаш би сакал да сме на врвот на битките, но тоа се менува од време на време и навистина се фокусирате на тоа за време на секој тренинг, квалификации и трка – заклучи Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.