Шефот на Хаас, Гунтер , потенцираше дека ребрендирањето на Заубер во Алфа Ромео Рејсинг нема да влијае на нивната соработка со италијанската екипа.

Хаас користи мотор и менувач од Ферари од нивното деби во 2016 година, а покрај тоа користи и други компоненти кои се дозволени по техничката регулатива. Ферари е ќерка фирма на Фиат Крајслер компанија која ја поседува и Алфа Ромео кој се враќа во спортот како главен спонзор на Заубер.

Стаинер истакна дека промената на името и поголемото учество на Ферари нема да им штети на Хаас.

Имаме одлична соработка со нив, техничка и финансиска. Работиме заедно три сезони и се надевам на уште повеќе. Имаме меѓусебна почит.

тоа што прават со Заубер не е моја работа и не се мешам. Се додека го испорачуваат ветеното не ми е грижа и среќен сум. ДОколку е различно. Нема да критикувам бидејќи имаме долга соработка и среќни сме – изјави стаинер.

Хаас заврши на петта позиција минатата сезона, три места пред Заубер а годинава има прв пат главен спонзор во британската компанија за производство на енергетски пијалоци, Рич Енерџи.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.