Според Forbes, Хамилтон е најбогатиот “тркач“

269

Според рангот на американскиот магазин Forbes, Луис Хамилтон е најбогат возач во светот на моторспортот откако е сместен на 12то место според богатството помешу спортистите. Проценките велат дека возачот на Мерцедес заработил 51 милион долари лани.

Најбогат спортист е боксерот Флојд Мејведер Јуниор кој се врати од пензија лани и успеа да заработи 275 милиони долари од борбата со УФЦ првакот Конор Мекгрегор кој е 4ти на листата со заработка од 99 милиони долари. На второ и трето место се фудбалерите Лионел Меси и Кристијано Роналдо со 111 односно 108 милиони американски зелени банкноти.

Луис беше две места погоре на ланската листа, но годинава беше претркан од бразилската ѕвезда на ПСЖ, Нејмар и квотербековите во НФЛ Мет Рајан и Метју Стафорд. Според Forbes, Хам од Мерцедес инкасирал 42 милиони долари, додека останатите 9 милиони се од реклами. Со оваа заработка, Хамилтон не само што е тркач кој најмногу заработил, туку е и најбогат британски спортист.

Себастијан Ветел е на 18то место со заработика од 42,3 милиони долари во 2017 година, Фернандо Алонсо е 39ти на листата со 33 милиони, а освен тие, нема други толку богати спортисти на листата.

Магазинот цени дека Хам и Себ имале идентична плата, но германецот заработил само 300 илјади долари од реклами.


Според Forbes, Хамилтон е најбогатиот “тркач“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>