Според Џиовинаци, Ферари е драстично подобрен

299

Антонио Џиовинаци вели дека болидот на Ферари, СФ71-Х е драстично подобрен од неговиот претходен тест, во Барселона во Мај. 

Италијанецот имаше неверојатен прв ден од тестирања во Хунгароринг, извозувајќи време од 1:15.648, што претставува нов неофицијален рекорд на патеката.

Го тестирав болидот во Барселона и морам да кажам дека е драстично подобрен. Ова е голем чекор, последниот пат во Мај, а сега сме крај на Јули, навистина добро е да се види тоа подобрување.

Покажува дека тимот и возачите завршуваат одлична работа за да го подобрат болидот

Моја главна цел беа долги стинтови во утрината и квалификациски времиња во попладнето. Почна да паѓа дожд и го одложи крајот на програмата. Беше добар ден, позитивен и тоа е најважно – изјави Џиовинаци.


Според Џиовинаци, Ферари е драстично подобрен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>