Според Хулк, стратегијата ќе биде клучна во Канада

55

Нико Хулкенберг едвај чека да пристигне на патеката Жил Вилнев додека цели да ја продолжи својата форма од Монако и на Канадското Гранд При.

Германецот имаше успешна трка по не толку успешни квалификации во Монако и се пласираше на осмата позиција. Монтреал е домаќин на седмата трка од првенството, а Хулкенберг е возбуден за трката во Канада на патека која е голем предизвик за сопирачките.

Канада е фантастичен викенд. Градот, атмосферата и патеката создаваат неверојатно Гранд При.

Патеката има одлично движење, иако е нечиста и нема грип кога ќе пристигнеме. Има големи ѕидови на излезот од свиоците. Еден круг е навистина возбудлив.

Максимална брзина во комбинација со правилно ниво на потисна сила е вистинскиот баланс во Канада. Постојат два долги правци и тешки зони на сопирање. Ова е можеби една од најтешките патеки за сопирачките и ви треба самодоверба за да сопирате подеднакво, секој круг, особено кога сакате да сопрете што покасно.

Сетапот на болидот за надминување на ивиците исто така е важно во Канада – вели Хулкенберг.

Канада е прва трка на Северно-Американскиот континент, а возачот на фабричката екипа на Рено признава дека Монтреал е тешка патека за претекнување, но верува дека изборот на пневматици би требало да биде интересен.

Најчесто има многу добра атмосфера во Канада, може да забележите колку локалното население ужива во Формула 1 и секогаш сме добредојдени.

Шнолата пред долгиот правец е место со голема возбуда, обиколени сте со трибини и тоа создава голема врева!

Местата за претекнување се ограничени во Канада, но последната шикана е најдобро место за маневар. Всушност, тоа е единственото место каде што може да го уништите сопствениот круг.

Стратегијата може да биде интересна, бидејќи ќе користиме хиперсофт како и во Монако. Исто така ќе имаме и други опции, така што времињата по круг ќе бидат многу брзи – додаде Хулкенберг.


Booking.com

Според Хулк, стратегијата ќе биде клучна во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>