Според Хулкенберг, Рено не се повеќе доволно брзи

104
   

Нико Хулкенберг стравува дека Рено не е повеќе доволно брз споредено со конкуренцијата од средината, откако тој ги имаше најлошите квалификации годинава на Јапонското Гранд При.

Германецот не успеа да се пробие во К2 и ќе стартува од 16то место, што е исто со неговиот старт од Шпанија каде искуси технички проблеми. Но, неговите перформанси не беа под влијание на технички проблеми, иако судар во последниот тренинг сигурно не помогна. Хулкенберг смета дека недостатокот на развој во Рено навистина влијае.

Очигледно Т3 не беше најдобрата подготовка за квалификациите, но момците завршија одлична работа и го подготвија болидот. Излегов веднаш и имав добар круг, а дури и вториот беше прилично добар. Но не беше доволно.

Мислам дека генерално сите се подобри од нас. Ние не сме доволно брзи повеќе – вели Нико.

Хулкенберг е целосно свесен околу недостатокот на развој на Рено во однос на ривалите, но смета дека сега ситуацијата е многу посериозна.

Ќе биде долго до крајот, особено ако немаме правилно оружје за борба. Нема да биде лесно и ќе има многу предизвици.

Мислам дека не сме направиле напредок. Болидот е ист како и пред 10 трки. Но дали изгубивме? Дали е полошо? Не верувам.

Едноставно сметам дека другите навистина донесоа добри подобрувања и беа побрзи, од гледна страна на моторот и болидот. Ние патиме поради тоа.

Годинава ние носевме помали работи, но никогаш не донесовме големо подобрување како минатата година, а малите не ја завршија својата работа. Не беа доволно добри подобрувања.

Сега разбираме дека изгубивме со тој пристап. Толку е едноставно. Од пред неколку недели сме свеси за тоа и реагираме во обид да бидеме подобри – додаде Хулкенберг.


Според Хулкенберг, Рено не се повеќе доволно брзи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>