Луис изјави дека возачот на Вилијамс, Сергеј Сироткин, немал почитување на патеката откако за малку не се судрија за време на средниот квалификациски сегмент и дека русинот треба да учи од инцидентот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Хамилтон беше вмешан во два инцидента со блокирање за време на К2 во Бразил, но сепак им ја донесе 100та пол позиција во Формула 1 на Мерцедес. Сеуште нема изјава од стујардите дали тие инциденти се под истрага.

Тој прво му го попречи патот на Кими Раиконен на почетокот од летечкиот круг на финецот, но поголемиот инцидент се случи подоцна откако Сироткин мораше да излезе на тревата за да го избегне сударот со огромна брзина со Мерцедесот.

Британецот смета дека Сироткин е виновен за инцидентот.

Сите бевме на загревачки круг јас, Сергеј и тој пред мене. Кога сте на таков круг и сте пред крајот на кругот намалувате брзина за да направите место. Колку што знам никој зад мене не беше на летечки круг и се потрудив да си направам место, но тогаш се појави болидот.

Мислев дека некој е на брз круг и се тргнав на лево и тогаш и тој отиде кон лево. Тој не беше на брз круг и не знам што мислеше. Сите возачи знаеме дека треба да се остави место и овој потег не го почитува тоа правило. Се обидов да се тргнам и потоа тој влезе во свиокот и забави.

чудно е бидејќи беше непотребен потег и имаше простор. И мојот и неговиот круг не беа добри. Се надевам дека ќе научи од ова – обвини хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.