Според Тото, сезонава е одлична реклама за Формула 1

37

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека овогодинешното првенство е највозбудливото во кое тој бил вклучен и одлична претстава за прикажување на најдоброто од спортот на моменталните и идни фанови.

Тимот е на врвот во пласманот во последните четири сезони, но оваа година ситуацијата е многу поизедначена со ривалите Ферари.

Лидерството во конкуренција на возачи и конструктори се менува постојано од трка до трка во последните неколку недели. Победата во Унгарија му обезбеди предност од 24 поени на Луис Хамилтон пред Ветел, додека Мерцедес има минимална предност од 10 поени пред Ферари.

Битката на врвот е повозбудлива од било кога. Средината е многу тесна.

Трките не само што понудија одлична акција на патеката, но и изненадувачки победници. На 7 од 12 трки не победи најбрзиот болид.

Севкупно, би рекол дека 2018 година е одлична реклама за спортот – изјави Волф.

Секако, како тимски шеф, Волф би бил многу посреќен доколку Мерцедес доминираа сезонава. Но иако според негово признавање, тие “оставиле поени на масата“ во неколку трки, севкупно се среќни со ситуацијата.

За нас како екипа, половина од извештајот е позитивен, бидејќи водиме во пласман на возачи и тимови. Тоа го должиме на напорот на луѓето во фабриките во Брекли и Бриксворт, како и возачките способности на Луис и Валтери.

Во исто време, сваќаме дека пропуштивме поени во повеќе од една трка, така што работиме напорно на подобрување на перформансите за втората половина.

Ќе работиме напорно на тоа до првата трка по паузата – додаде Волф.

Формула 1 правилата диктираат дека мора да има пауза од две недели кога никој нема да работи во тимовите. Тоа значи дека сите вработени се на одмор. Тоа е потребна пауза по неколку последователни трки, како и трите последователни трки во Јуни и Јули.

Тоа е пауза која ја заслужил секој од нашите вработени. Потоа ќе се вратиме свежи и со потребна енергија за да бидеме подобри и да постигнеме повеќе во вториот дел од сезоната – заклучи Волф.


Според Тото, сезонава е одлична реклама за Формула 1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>