Според Рос Браун, Ветел е посилен од Хамилтон

851
   

Сегашниот шеф на Формула 1, Рос Браун, сугерира дека Себастијан Ветел има предност над својот ривал за шампионската титула, Луис Хамилтон, по победата во Британија. Браун, поранешен шеф на Ферари и Мерцедес, верува дека Ветел ќе има и психолошка предност на следната, за него домашна, трка во Германија.

Германецот сега има предност од 8 поени пред Хамилтон во пласманот. Ферари ја зголемија својата предност пред Мерцедес на 20 поени кога сезоната се доближува до својата средина.

Ова беше 51ва победа за Себастијан, што го изедначи со Алан Прост на третото место на најуспешни Формула 1 возачи.

Тоа не е пресврт во првенството, земајќи во предвид дека предноста од 8 поени е мала, а имаме уште половина сезона пред нас, но дефинитивно беше значителен успех, од техничка и психолошка гледна точка, а следна трка е домашното Гранд При за возачот на Ферари.

Ферари покажаа дека се рамо-до-рамо со Мерцедес во однос на развојот и во нивната способност да го извлечат максималниот потенцијал на техничкиот пакет. Тоа се показатели за уште повозбудлив втор дел од сезоната, а тоа го вкусивме и во последните кругови на Силверстон – изјави Браун.


Според Рос Браун, Ветел е посилен од Хамилтон

8 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>