Мексиканецот Серхио Перез смета дека Рејсинг Поинт, поранешна Форс Индија, е најдобрата екипа на гридот покрај челните две, Мерцедес и Ферари.

Перез ја започнува својата шеста сезона со тимот во 2019 година, откако се приклучи по една не многу успешна сезона помината во Мекларен.

Тука сум повеќе години отколку што сметав дека ќе поминам. Удобно ми е тука, оптимист сум. Мислам дека ако не сте во Ферари или Мерцедес, тогаш Форс Индија е вистинското место.

Мислам дека има огромен потенцијал во екипата. Јас сум најдобар од останатите во последните две години (2016 и 2017 година), блиску и трета година по ред. Постои можност да одиме напред. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите следната година, но дефинитивно сум многу возбуден околу иднината на тимот.

Разговарав со сите во тимот, сите се навистина возбудени, навистина гледам напред. Лоренс е полн со ентузијазам за проектот.

Знаеме дека ова е долгорочен проект и сметам дека имаме вистинска насока со нашите шефови. Исто така, треба да бидеме свесни дека ќе треба време. Сме го виделе тоа и со други екипи, знаеме колку долго им требаше – вели Перез.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.