Сергеј Сироткин не треба да биде премногу загрижен што неговата Формула 1 кариера е завршена, смета Мика Сало, поранешниот Формула 1 возач кој работеше блиску со русинот годинава како дел од програмата на спонзорот, банката СМП.

Сиротин беше заменет од Роберт Кубица, кој пристигнува со спонзорството на полската нафтена компанија, ПКН Орлен. Во меѓувреме, преговорите помеѓу Вилијамс и СМП пропаднаа.

Се зависеше од Вилијамс. Секако дека сакавме да ја намалиме цената малку, како и да добиеме гаранција од Вилијамс дека ќе се подобрат. Не успеавме да се договориме.

Тоа е една од причините поради која не сум загрижен што Сергеј си заминува. Тој имаше добра сезона.

Заврши добра работа и на тимот му се допаѓаше. Неговото техничко познавање е неверојатно, а во ЛМП автомобилите во Светското ПРвенство на Издржливост имаме потреба од таков квалитетен возач.

Кубица има многу подржувачи во светот и тој е силен дечко. Ќе видиме како ќе се справи со сето тоа – изјави Мика Сало.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.