Спиралата на добри вести во Заубер последната година била клучна мотивација за Кими Раиконен да дојде во Хинвил, смета Фредерик , шефот на екипата.

Во текот на летото во 2017 година тимот го откажа договорот постигнат со Хонда околу снабдување со мотори за 2018 година за да склучат нов договор со Ферари и да ја возат нивната последна спецификација откако таа 2017 година ја минаа со стар мотор. Следуваше партнерство со Алфа Ромео, доаѓање на ултра талентираниот штитеник на Ферари, Шарл Леклер, како и доаѓање на дополнителен персонал на чело со инженерот од Ферари, Симоне Реста и аеродинамичарот на Ауди, Јан Мончу.

Подобрувањата надвор од патеката веднаш се пресликаа во значителни подобрувања и резултати на патеката, а кон крајот на сезоната дојде и официјалната потврда дека шампионот од 2007 година, Кими Раиконен, ќе вози во Заубер следните две години.

Васур смета дека договорот со Алфа Ромео ја направила екипата многу поатрактивна за возачите, а било и мотив за Кими.

ги добивме ферари и алфа ромео, го добивме и шарл леклер во тимот, дојде и Јан Мончу како и симоне реста. секоја недела имаме добри новости, тоа е спирала, мотивацијата е тука, расположението е огромно споредно со лани, исто како и тимскиот дух – појасни васур.

Французинот објасни дека апетитите на екипата биле сменети откако било објавено клучното партнерство со италијанска Алфа Ромео.

за мене, возачите се исти, но добрите инженери можете да ги мотивирате со плата, со љубов кон тркањето да стигнете до резултати. дојдовме во многу пдобра позиција за да земаме квалитетно луѓе кај нас и имаме топ момци во секој оддел. имам чувство дека како проект станавме многу атрактивни.

возачите се друго, кими е свесен дека ќе биде тешко да биде над 7мо место со нас без некаква несреќа од големите екипи, така што мотивација наоѓа на друго место. се подобруваме, раснеме и градиме нешто, така што сметам дека сите членови на тимот се чувствуваат многу подобро, вклучително и возачите.

По силната 2018 година планот и целта на Васур е редовно појавување во топ 10 на трките од претстојната сезона, додека резултатите во годината зад нас биле доволни само за почетно поттурнување на проектот.

дојдоа многу луѓе лани за да го подобриме секој сегмент на компанијата и тоа ни се исплати. кога почнавме со овој проект на крајот на 2017 година луѓето почнаа да доаѓаат и веднаш се зафатија со работа за следниот болид. резултатите се воочливи – заврши фред.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.