Спасената Форс Индија “брка“ подобрувања

81

Новите сопственици на Форс Индија ќе и дозволи на екиапта да продолжи со клучните новини и подобрувања во пресрет на вториот дел од Формула 1 првенството. Понудата на конзорциумот предводен од Лоренс Строл беше придатена од страна на администраторите, со што иднината на екипата беше обезбедена.

Оперативниот шеф на тимот, Отмар Шафнауер, за motorsport изјави дека првично се надевал дека ќе имаат подобрувања за белгиска Спа, но во моментов е свесен дека истите ќе доцнат.

Се надевам дека ќе биде така и дека ќе имаме новини барем до Монца. Имаме некои компоненти кои беа ставени на чекање и не знам каква е ситуацијата кај нашите снабдувачи затоа што и тие не работат во текот на летото. Ќе имаме неколку денови подготовка пред Спа, но ако не стигнеме до тогаш, тогаш ќе стигнеме за Монца – смета Отмар.

Администраторите објавија дека дел од финансиските средства може да се користат уште веднаш, но поголемиот дел ќе бидат достапни во следните 2-3 недели кога ќе заврши целосното превземање на новите сопственици.

Ни треба финансирање, во спротивно не правиме ништо. Мораме да почнеме да плаќаме на нашите добавувачи и да купиме потребни материјали за новините за оваа, но и за следната година. На средина сме од градење на болидот за следната година кој нема да можеме да го довршиме без дополнителни средства, така што превземањето не можеше да дојде во подобро време – заврши Шафнауер.


Спасената Форс Индија “брка“ подобрувања

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>