Со подобрувањата, Малиа цели на 4то

89
   

Виџеј Малиа, тимскиот шеф на Форс Индија откри дека екпата ќе пробува аеродинамички подобрувања престојниот викенд на Силверстон во борба да го намали заостатокот до челото на средината.

Тимот ја прослави својата 200та трка во Австрија со првите двојни поени во сезоната откако Перез и Окон стигнаа на 6то односно 7мо место на крајот од трката по што со го намалија заостатокот зад Рено за 14 поени на 7мо место.

Откако ја прославивме 200та трка во Австрија доаѓаме во Силверстон за домашната трка поради што сме многу возбудени. Освојување на 14 поени беше многу важно по разочарувачкиот резултат во Франција и тоа значи дека дојдовме на 20 поени од 4то место во поредокот што ни е цел.

Силверстон секогаш е особено зафатен за тимот и сите ужваме. Имаме некои аеродинамички новини кои ќе ги пробаме во Петок и тоа би требало да не однесе чекор напред – појасни Малиа.


Со подобрувањата, Малиа цели на 4то

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>