Со откажувањето на NBC, Ф1 загубила 40 милиони долари

79
   

Американската спортска мрежа NBC која во 2013 година ги превзема на своите канали Формула 1 преносите од мрежата Speed, одработи четири години како еклсклузивен пренесувач на трките од кремот на моторспортот, а во пресрет на оваа сезона се преговараше и петгодипно продолжување на соработката.

Со купувањето на спортот од страна на Либерти Медиа од претходните сопственици ЦВЦ Капитал, американците јасно ставија до знаење дека сакаат спортот да го свртат кон интернет стримингот, оставајќ дел од телевизиските куќу со пад во гледаноста. Тоа беше доволно за да ги предомислат NBC во нивната намера повторно да ги откупат правата за Америка.

Според извештајот на инвестициската банка Morgan Stanley, NBC плаќале 4 милиони долари за правата, а биле свесни дека со продолжувањето на соработката цената ќе се зголеми. За нов петгодишен договор и опција за продолжување на уште две години, односно вкупно седум години, Либерти Медиа побарале дури 40 милиони долари. Тоа значи дека американската телевизиска мрежа требало годишно да издвојува околу 5,7 милиони долари, што е енормно зголемување од 43% во однос на она што го плаќале претходно.

Но, Либерти биле премногу алчни сакајќи да ја инкасираат оваа сума од телевизијата, но во исто време да имаат и слобода да направат сопствена стриминг апликација преку која ќе го пренесуваат спортот во Соединаетите Американски Држави. Како резултат на тоа, NBC се откажа од преносите, а нив ги купи ESPN, поранешен работодавец на комерцијалниот шеф на спортот, Шон Брачес.Според Morgan Stanley, ESPN ги добиле преносите бесплатно, што значи дека Формула 1 загубила 40-тина милиони долари за 7 години, но добила право за има свој сервис за стриминг во САД.

Morgan Stanley превидува 10.000 претплатници во првата година на Формула 1 апликацијата што со претплата од 100 долари значи 1 милион долари во првата година. Но, интернет сервисот на почеток се соочува со големи техники проблеми, многу повеќе одошто некој се надевал. Дури во промет е пуштена и старата апликација за мерење на времето поради технички проблеми и незадоволството од новата.


Со откажувањето на NBC, Ф1 загубила 40 милиони долари

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>