Со вториот сензор на ФИА се стопи предноста на Ферари

1084
   

Ферари изгледа дека наеднаш ја загубија својата предност во моќ, следејќи по иницијатива на ФИА да додаде втор сензор во агрегатот на СФ71-Х.

Мерцедес и Рено имаа прашања за владеечкото тело на почетокот на сезоната поради изненадувачкиот подем на Ферари во моќ и перформанси. ФИА воведе истрага во системот за сочувување на енергија, инсталирајќи сензор кој ќе ги надгледува процесите во единицата, но не најде ништо нелегално.

Сепак, според германски Auto Motor und Sport, од скоро воведен е и втор сензор на ФИА, а тоа најверојатно придонесло кон ненадејниот пад во перформанси според GPS податоците собрани од ривалските екипи.

Можеме јасно да го забележиме тоа на мерките од GPSот – признава тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул.

Енди Кауел, одговорниот за агрегати во Мерцедес, инсистира дека Ферари сеуште има многу моќ, но податоците сеуште посочуваат кон пад во моќ при забрзување, намалување кое влијаело над перформансите на Скудерија во последните 2 трки.

Ако имаат помалку моќ, тие не се во можност да го користат подесувањето на крилата како од претходно и ќе мора да се вратат кон потисната сила – додаде Абитебол.

Запрашан околу мистериозниот пад во моќ од Сингапур и Русија, шампионот од 2016 година, Нико Розберг, го истакна следното:

Мислам дека не можеме да судиме на таков начин. Да почекаме уште неколку трки. Ако тоа е сеуште случајот, тогаш може да кажеме ОК, нешто се случило. Но премногу е рано за тоа – вели Розберг.


Со вториот сензор на ФИА се стопи предноста на Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>