Серхио Перез е премногу разочаран од својот предвремен крај на домашната трка во Мексико откако надежта за добар резултат за него беа уништени од откажување на сопирачките на неговиот болид. Чеко старуваше од 13то место откако тимот одбра да има слободен избор на гуми, имаше стратегија со едно застанување, промени гуми за време на Виртуелното безбедносно возило предизвикано од Карлос Саинз и возеше во поени.

Потоа го мина Шарл Леклер, кој заврши на 7мо место, но неговиот ВЏМ11 не ја издржа цела трка откако сопирачките му откажаа на првата кривина, по што мораше да се паркира во гаража.

Боли, откажувањето навистина боли. Мислам дека имавме барем 7мо место “во џеб“ и одлична и опаметна стратегија која ја планиравме ушт еод квалификациите и која сигурно ќе ни се исплатеше. Понекогаш во тркањето има вакви големи разочарувања кои се предизвикани од проблеми со болидот.

Сопирачките ме принудија да се откажам затоа што одненадеж педалот стана многу долг и морав да се паркирам. Дотогаш имав навистина возбудлива трка, одличен прв круг кога го минав Фернандо Алонсо и потоа навистина возбудливи трки со Зауберите.

Ја контролирав мојата трка, менаџирав со гумите и мислев дека ќестигнам до доби поени. Навистина ми е жал за екиапта, но и за фановите кои беа неверојатни цела недела. Тие секогаш прават да се чувствувам гордо и ми даваат неверојатно поддршка – искрен е мексиканскиот возач.

Перез не ја заврши трката, неговиот колега Окон заврши надвор од поени, Стофел Вандорн дојде до 9то место така што предноста на шестопласираниот Мекларен пред Форс Индија се зголеми на 15 поени на две трки пред крај на првенството.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.