Одговорниот за перформанси во , Роб , ќе го напушти Формула 1 тимот на крајот на оваа сезона.

Тој дојде во Гроув од Ферари во 2014 година со цел да ги врати перформансите во екипата. Британецот им помогна на Вилијамс две години да завршуваат на 3то место кај конструкторите, но последните две години третата најтрофејна екипа во спортот финишира на 5то место.

Смедли не објавува која е негова следна дестинација, додека Вилијамс не објавуваат кој ќе го замени инженерот во екот на големите промени во однос на персоналот кои се случуват во позадина. Сезонава од Гроув си заминаа и Дирк де Бер, главниот аеродинамичар како и Ед Вуд, главниот дизајнер.

многу уживав во моето време минато со вилијамс, екипата претрпе огромни промени од моето доаѓање во 2014 година и задоволство ми е што бев дел од тоа. тие се специјален формула 1 тим и сигурен сум дека со оглед на талентот кој го имаат на располагање ќе имаат одлична иднина. засекогаш ќе останат во мото срце.

по 20 години во формула 1 сметам дека е вистинско време да видам кој ќе биде мој следен потег. нетрпелив сум да минувам повеќе време со семејството пред да одлучам што ќе правам во иднина – откри смедли.

Неговата Формула 1 кариера почна пред 17 години во Џордан пред да мине во Ферари три години подоцна, односно во 2004 година. На почетокот на 2014 година му се приклучи на својот долгогодишен соработник Фелипе Маса во Вилијамс како дел од “ремонтот“ на инженерскиот тим во Гроув под раководство на техничкипт шеф Пат Симондс.

беше задоволство да го имаме роб во нашиот тим последнит ечетири години и тој ќе ни недостасува лично и професионално. се согласи да дојде кај нас во време кога перформансите беа слаби, виде потенцијал и многу ни помогна.

во неговото време со нас имаше значаен придонес во тимот извршувајќи ја својата улога, но во исто време не инсприраше со својот ентузијазам и страст за формула 1.

роб е во спортот долго време и целосно ја разбираме и почитуваме неговата одлука да земе одмор од формула 1 со неговата сопруга и момчињата.

му посакуваме се најдобро и му благодареиме за времето со нас, страста и борбениот дух кој го имаше – изјави клер вилијамс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.