Главниот инженер одговорен за перформансите на , Роб , е решен да остане во спортот откако ќе замине од Гроув на крајот на оваа сезона.

44-годишниот британец го најави заминувањето од Вилијамс на почетокот од неделава и станува слободен, но многу брзо добил понуди од други екипи на гридот.

дефинитивно сакам да останам во формула 1, тоа е мојата страст и така е цела моја работна кариера. тоа е врвот на моторспортот, има и други добри серии, но јас имам уште многу што да понудам и проади тоа сакам да останам во формула 1 во техничкиот дел и среќен сум што веќе има луѓе кои ме сакаат – објасни смедли.

Роб е 17 години дел од спортот, ја почна својата кариера во Џордан каде работеше ако инженер за анализа на податоците, мина во Ферари во 2004 година како инеженер за трка на Фелипе Маса, а во Вилијамс е од 2014 година каде е одговорен за перформансите.

растевме како екипа и се подобрувавме и го оставам тимот во подобра форма одошто тоа бееше време кога дојдов. дојде време за нов предизвик, вилијамс има свои предизвици пред себе. јас ќе минам повеќе време дома со семејството кое долго време ме поддржува. можам да бидам нормален сопруг и татко без да заминувам секои две недели и без да работам до 9-10 часот навечер – најави смедли.

Неговите поранешни колеги, Пат Симондс и Николас Томбазис веќе си најдоа работа во ФИА и ФОМ.

во моментов можам да кажам дека не одбивам никакви понуди и дека сум во среќна позиција затоа што луѓето сакаат да разговараат со мене и јас разговарам. ништо не е завршено, на почетокот од следната година ќе ги разгледам сите опции и откако ќе минам време надвор од спортот ќе размислам каде понатаму – заврши смедли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.