Градот Милано ќе биде домаќин на следниот фестивал за Формула 1 фановите, како дополнување на трката за Голема Награда на Италија на патеката Монца.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Формула 1 го одржи првиот фестивал во Лондон минатата година како промоција за Британското Гранд При, а идентични настани беа организирани во Шангај и Марсеј пред овогодинешните Кинеско и Француско Гранд При.

Во Милано фестивалот ќе се одржи во областа Дарсена од 29 Август до 1 Септември, со возење на Формула 1 болиди во живо како и музички настани.

Со големо задоволство го најавувам Формула 1 фестивалот во Милао. Тркањето е во ДНК-то на овој прекрасен град, како модата и креативноста.

Формула 1, врвот на моторспортот, е совршен партнер за комбинација од напредното инженерство со гламурот и инвентивноста на модните куќи во Милано, како и историјата од сета уметност и култура.

Сакаме нашите фанови да ги донесеме до центарот на нашиот спорт и фестивалот во Милано ќе го стори токму тоа, ќе биде домаќин на семејствата и фановите во текот на целиот ден и вечер во срцето на градот, споделувајќи ја магијата на Формула 1 – изјави Шон Брачес од Формула 1.

Италијанското Гранд При е еден од најстарите настани во светот на моторспортот. Монца беше домаќин на трка од 1922 година, а брзата патека само еднаш не била дел од Формула 1 календарот. Последниот Формула 1 фестивал ќе се одржи во Мајами во Октомври, иако плановите за одржување на трката во овој град се одложени за 2020 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.