Луис Хамилтон и екипата на Мерцедес имаа “слатко-горчливо“ чувство по Мексиканското Гранд При, откако британецот ја запечати својата петта титула и покрај ужасната трка.

Хамилтон стартуваше од третата позиција и го претекна Рикардо веднаш по стартот, но ниту тој ниту Валтери Ботас беа конкурентни во трката обидувајќи се да ги искористат пневматиците до максимум.

На крајот, четвртто место беше доволно за Хамилтон да ја освои титулата, но тоа е негов најлош резултат по Австриското Гранд При во Јули, а тој ја помина финиш линијата по дури 1 минута и 18 секунди позади победникот Макс Верстапен.

Ова беше ужасна трка. Се мачевме. Се обидував само да ја завршам трката.

За титулата, не дозволувам да бидам емотивен во јавност, но моментално сум почестен од целото искуство.

Тешко е да се прифати сето ова. Тоа е нешто на што сонував, но никогаш ни во милион години, не би помислил дека ќе стојам тука како петократен шампион. Никогаш не знаев дека може да се случи – изјави Хамилтон.

Ботас заврши со заостанување од дури 1 круг позади Верстапен на петто место, а предноста на Мерцедес претрпе штета, иако се сеуше 55 поени пред Ферари на две трки до крајот. Тимскиот шеф, Тото Волф, изјави дека бил вознемирен од перформансите.

Сето ова е “слатко-горчливо“. Имавме многу лоша трка, мора да го сфатиме тоа, но треба да бидеме среќни со првенството – изјави Волф.

Техничкиот шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон, исто така призна дека е тешко целосно да се ужива во титулата на Хамилтон по лошите перформанси за тимот.

Целиот викенд беше “за никаде“. Мора да запомниме дека тоа што го постигнавме денес го постигнавме како резултат на напорот во целата сезона. Денес беше мачно, болеше дури. Но севкупно, резултатот е неверојатен за Луис, така што мора да бидеме среќни.

Мора да се потсетите себе си дека треба да бидете среќни, кога имате ваква ситуација – вели Алисон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.