Сергеј сеуште не може да поведува дека следната сезона нема да биде Формула 1 возач и покрај тоа што имал неколку денови да се подготви за одлуката на тимот.

Русинот имаше свое деби со тимот на почетокот на годинава откако лани во директна борба го победи полскиот возач на тестот на крајот на сезоната. Поддржувачите на Сироткин, СМП Рејсинг веќе открија дека одлучиле да заминат од тимот поради лошите перформанси и слабиот развој.

Сергеј откри дека одлуката му била соопштена минатата недела, но потајно се надевал дека нешто ќе се промени пред официјалната објава на Вилијамс денеска.

бев информиран од тимот вчера вечер дека одлуката ќе се објави денеска, но минатата недела имав некои разговори со СМП Рејсинг. го анализиравме движењето на работите и за нас беше јасно по тие состаноци дека тие не сакаа да се дел од тимот во иднина. поради тоа, уште од минатата недела знаев што ќе се случи и имав цела недела да се подготвам, но сеуште не верувам што се случи и ова е многу тежок момент за мене – објасни сироткин.

Сергеј на 20те трки оваа сезона успеа да освои само еден поен, а тимот е убедливо последен и најслаб во констукторскиот поредок. Тој изјави и дека немало смисла да ги продолжи преговорите со тимот од Гроув поради нивната неконкурентнос сезонава.

никогаш не се работи за една работа, секогаш е сплет на многу работи кои се натрупуваат поради што мислиме така. како тркачки возач мене не ми е грижа за тоа, јас само сакам да останам на гридот бо било кој болид и да завршам најдобра можна работа. сеуште верував дека некои работи во тимот ќе се променат, но јасно е дека тоа не се случи. но, ништо од тоа што се случи не може да биде променето.

Русинот повтори дека е многу, многу тажен што по само една година заминува од Формула 1.

искрено мислам дека завршив добра работа. начинот на кој почнавме, начинот на кој реагиравме на проблемите и единството кое не сплоти, поради тоа сум среќен. исто така сум среќен и задоволен со своите перформанси во такви услови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.