Сироткин: Русија беше “најболна“ трка досега

56
   

Сергеј Сироткин од Вилијамс смета дека Руското Гранд При била најболна трка во неговата деби Формула 1 сезона досега, откако заврши на последната позиција на својата домашна трка.

За време на Гранд При-то во Сочи, Сироткин не беше во можност воопшто да напреднува по тежок старт и судар со Карлос Саинз од Рено. Додека се обидуваше да освои поени во веќе тешката 2018 година, младиот русин смета дека тргнало наопаку во текот на викендот и било многу тешко.

Многу болна трка. Најболна во сезоната. Мислам дека можевме да освоиме добри поени, во однос на тоа каде бевме и нашата форма. Но од стартот, се тргна наопаку за нас.

Секогаш се наоѓаме во најлошата можна позиција на патеката со најлош сообраќај. Мислам дека некои работи добро ги сработевме, но и покрај тоа, целата трка беше против нас и беше многу тежок момент за мене – изјави Сироткин.

Техничкиот директор, Пади Лоув, признава дека тимот од Гроув се обидел да го победи Мекларен во текот на 53те кругови, бидејќи и тие имале слична форма.

Сепак, Вилијамс беа надмудрени од Мекларен кои порано ги променија истрошените ултрасофт пневматици и излегоа пред Сироткин и Строл, што значи дека и двајцата возачи на Вилијамс беа заглавени позади.

Севкупно, ова беше фрустрирачко попладне. Очигледно не се тркаме на начин на кој што посакуваме. Имавме форма да ги поразиме и двата болида на Мекларен, но имавме големи проблеми со оштетување на ултрасофт пневматиците.

Тоа се случи и кај Мекларен, но тие реагираа подобро одколку нас. Како резултат, се боревме со еден Мекларен цело попладне и не успеавме да го претекнеме. Инаку, ќе бевме во ситуација да ја подобриме нашата позиција, најмногу за Сергеј, кој немаше да заврши на толку ниска позиција на домашната трка. Ќе продолжиме да учиме и да се движиме напред – изјави Лоув.


Сироткин: Русија беше “најболна“ трка досега

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>