Сергеј Сироткин смета дека последната Формула 1 трка за Вилијамс била болна за него.

Русинот се мачеше со ритамот и брзината цел викенд, но го победи својот тимски колега на квалифиакциите, иако на трка Сергеј беше 15ти, а Ленс две позиции пред него.

беше болна трка, немав најдобар старт, потоа се мачев, губев позиции и не бев во најдобра форма за да извадам се од болидот и да се вратам во трката.

имав проблеми со прегревање на болидот така што речиси третина од трката морав многу да внимавам на ладењето. трката беше болна, многу болна. давав се од себе да менаџирам со ладењето, но во исто време морав и да се борам за да ги задржам болидите кои менуваа гуми зад себе. си ја штитев позицијата, го ладев болидот и се беше измешано.

откако успеав се да донесам под контрола веќе беше предоцна, загубив многу време и поради тоа ќе повторам дека трката беше болна.

навистина сакав повеќе да уживам во мојата последна трка која испадна дека е за заборавање – изјави Сироткин.

Русинот го загуби местото во тимот, а следната сезона во Гроув ќе има двајца нови пилоти, Роберт Кубица и Џорџ Расел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.