Сироткин: Плановите на Вилијамс се голем чекор напред

127
   

Сергеј Сироткин смета дека Вилијамс може да го избегне повторувањето на грешките од оваа сезона, откако нивните подготовки секоја година изгледаат како претходната.

Вилијамс заврши на трето место во 2014 и 2015 година во генералниот пласман пред да падне на петто место во 2016 и 2017 година, а оваа сезона применија целосно нов концепт за дизајн на болидот.

Но, ФВ41 се покажа како лош болид кои тие не можат да го разберат, поради што се на задните редови, далеку позади нивните ривали. Сироткин, кој сеуште нема договор за 2019 година, е оптимист дека оваа година е повик за будење за екипата.

Не сакам да бидам премногу оптимист, но плановите за 2019 година изгледаат како голем чекор напред споредено со ситуацијата во ова време минатата година.

Дури и во однос на време е чекор напред, што е секогаш добро. Повторно, не сакам да кажам дека ќе се вратиме веднаш на врвот и ќе бидеме 100 проценти како што сакаме да бидеме.

Но дефинитивно изгледа дека како да сме научиле голема лекција и сме направиле добри подобрувања во однос на тоа што го направивме досега годинава.

Мислам дека се сведува на основно познавање, на процесот на производство на болидот, од таму почнува. Поради тоа ни требаше толку време за да разбереме се на правилен начин и да преминеме преку тоа.

Мислам дека научивме многу лекции околу основата на сите процедури од почеток до крај и мислам дека начинот на кој пристапуваме кон новиот болид ќе биде сосема поинаков процес. Конечно може да ги избегнеме проблемите кои ги имавме годинава и да најдеме повеќе перформанси во процесот – изјави Сироткин.


Сироткин: Плановите на Вилијамс се голем чекор напред

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>