Сергеј верува дека било очигледно дека тој ќе добие втора сезона во Вилијамс се до крајот на 2018 година, но сепак тој нема да ја продолжи кариерата во тимот наредната година.

Русинот кој е подржан од СМП Рејсинг изјави дека избрал да си замине поради слабите перформанси на тимот и сметал дека нема верба во инвестиција таму.

Екипата од Гров потпиша со Роберт Кубица кој ќе биде партнер на Џорџ Расел наредната сезона откако полјакот бил на врвот на листата по спроведената евалуација од страна на тимот.

Се надевав на втора сезона. Тоа беше очигледно до самиот крај. Но ова е Формула 1, многу е тешко.

за да се успее има многу параметри кои за жал не зависат само од перформансите на возачот – објасни сироткин.

Сергеј освои само еден поен и тоа поради дисквалификацијата на Гросжан на Големата награда на Италија. Иако го порази Строл на квалификациите и покрај поголемото искуство, тој беше подобар и на трките. Сепак, на крајот, СМП му соопштиле дека нема да го подржуваат повеќе во Формула 1 и ќе бараат друга опција за него.

Имавме неколку состаноци и можев да разберам дека нема се да оди како што треба. Очигледно СМП сакаа да бидат професионални и не сакаа да прифатат некои работи и тоа и ми беше сигнал дека нема да има втора сезона. Но секогаш е добро да се надеваш на промена. иако сепак тоа не се случи.

Запрашан за тоа дали тој како возач ги исполнил неговите очекувања на патеката и надвор од неа тој изјави.

Имате огромен стрес на првата трка. Искрено, можам да жалам што не уживав повеќе и можеби беше избрзано и страсно до некаде, но и нервозно во однос на тоа како се случуваат работите на почетокот на годината бидејќи се ви е ново – заврши русинот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.