Возачот на Вилијамс, Сереј , изјави дека не е многу лут на Луис Хамилтон откако двајцата за малку ќе се судреа во средниот квалификациски сегмент во Бразил.

Во борбата што побрзо да се започне летечкиот круг на сувата патеката поради опасноста од дожд, Сироткин беше зад Хамилтон на крајот од загревачкиот круг и сакаше да го мине за да го почне својот обид, но Хамилтон сврте на истата страна и за малку ќе завршеа еден во друг. Русинот излезе по тревата и само поради тоа немаше контакт со Мерцедесот на Хамилтон.

Да бидам искрен не сум воопшто лут на него, морав да притискам во загревачкиот круг за да ги загреам гумите. се најдовме неподготвени поради тоа што неавме време да ги загрееме гумите со ќебињата помеѓу сериите така што тие останаа далеку од оптималната потребна температура.

Загревачкиот круг беше брз како и летечкиот, возев “до даска“, минував брз низ благата лева кривина, а тој лазеше подготвувајќи се за својот обид. отидов во лево во надеж дека ќе ме пушти затоа што беше бавен, а јас се приближував навистина силно. ме виде во последен момент и се обиде да ме одбегне.

тој е шампион, знае што прави и на крајот не ми ја загрози позицијата проади што сум задоволен од денот – изјави сироткин.

Луис ја освои 10та пол позиција сезонава, Сироткин ќе мора да тргне од 15то место, но е пријавн кај стјуардите и за пребавно возење во кругот за ладење во првите 18 минути.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.