Сироткин: Најтешкото е зад нас

104

Сергеј Сироткин смета дека перформансите на тимот во Монако покажале дека најтешките моменти во 2018 година се зад нив. Русинот влезе во К2 втор пат годинава, се квалификуваше дури на 13то место, но по казната од 10 секунди уште пред почетокот на трката, поените беа недостижни.

На крајот Сироткин заврши на 17то место, но верува дека Вилијамс силно напредувале во однос на перформансите по тешкиот старт од сезонава и особено мачното Шпанското Гранд При. Во моментов екипата од Гров е на 10то место.

Трендот кој го имаме е многу позитивен, Барселона беше наше лошо издание, но ментално не не вознемири и нашата мотивација за работа како на патеката така и во фабриката е непроменета. Можеме да потврдиме дека Барселона беше еднократно издание, проектот сеуште е жив, се бориме што е добро, не во однос на резултатите, туку ментално за нас самите.

Се до Барселона изгледаше дека добро напредуваме, работевме напорно, бавно но напорно, а подобрувањето беше очигледно и градевме одлична база за развој. Барселона беше голема пресвртница за се, беше патека која буквално ги покажа сите наши проблеми, а знаев дека Монако ќе биде целосно различно.

Би било глупаво во Монако да се повторат проблемите од Барслона и среќни сме и задоволни што тоа не беше така. Се надевам дека резултатот ќе ги задоволи сите кои работат на овој проект – смета Сергеј.


Сироткин: Најтешкото е зад нас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>