Сироткин најавува иднина во Формула Е

Поранешниот возач на Вилијамс, Сергеј Сироткин изјави дека добил можност да се трка во Формула Е електричната серија и тоа во тимот на Махиндра.

Русинот минатата година возешеза Вилијамс се додека тимот од Гроув не се решија за нов возачки тандем. Сироткин се проба во ДТМ, обезбеди место во ВЕЦ и ги задржа конекциите во Формула 1 каде се враќа како тест возач во Рено. Но сепак тој тестираше за Махиндра во Формула Е и верува дека има иднина таму.

Навистина уживав. До сега не бев обожавател на серијата, но во последните две недели тестирав и ми се смени мислењето. Од Маракеш си заминав задоволен од болидот и колку е тој забавен за возење – изјави сироткин.

Сергеј изјави дека негова цел е возачко место во Формула 1 следната година, но доколку тоа не се случи би преминал во Формула Е.

Најважно е место на Формула 1 гридот, Но ако тоа не се случи, Формула Е и извонреден шампионат и убаво место за мене.

НАЈНОВО

Формула 1 ја објави гледаноста

Британското Гранд При е на врвот по бројот на гледачи во трка, како и целиот Формула 1 викенд, откако привлече најмногу гледачи од сите...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...