Сироткин: Многу тешка трка

84
   

Сергеј Сироткин го опиша Британското Гранд При како многу тешка трка откако повторно Вилијамс завршува тркачки викенд надвор од поени.

Откако тимот направи промена на шасијата во Парк Ферма на двата болиди, Сироткин и Строл мораа да почнат од боксот, а веднаш го минаа Серхио Перез кој со својата Форс Индија се изврте на 3та кривина. Одтогаш русинот немаше добра трка и возеше до својот тимски колега на последнтие места.

Сироткин останува едиснвен возач без поени оваа сезона откако во Австрија Роман Гросжан стигна до 4то место за свои први поени во првенството.

Тешка и болна трка. Првата половина не изгледаше лошо, имавме разумно менаџирање на гумите на истите со кои се квалификувавме, но немавме ритам, но барем контролиравме што се случува.

Направивме доцно влегување во бокс надевајќи се дека ќе бидеме побрзи со куса втора серија, но ни се случија неколку сини знамиња и Безбедносно возило кое ни ја отежни работата со гумите. Потоа бев оставен со тврдата компонента додека возачите околу мене беа со помеката и потопла гума и беше тешко да се борам со нив. Се на се, разочаран сум – смета Сироткин.


Сироткин: Многу тешка трка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>