Сироткин: Логично е да останам во Вилијамс

63
   

Русинот дебитант, Сергеј Сироткин, верува дека е логично тој да остане и наредната година во Вилијамс, но доколку тимот се поправи во однос на перформансите. Тој беше поврзуван со Вилијамс од почетокот на оваа година, но поради лошите перформаси на тимот тој не успеа да дојде до поен сезонава.

Вилијамс поголемиот дел од сезоната се обидува да се справи со своите проблеми и стартува од крајот на гридот, а освои само 7 поени. Тие се едни од двата тима кои сеуште ги немаат потврдено своите возачи за наредната година.

Мислам дека заедно со тимот можеме да ги средиме проблемите кои ги имаме од Бахреин. Логично е да завршиме каде што почнавме, но ќе видиме што ќе излезе. Многу време трошиме да ги средиме проблемите, но треба да размислуваме на подолг рок отколку на краток. Тоа значи дека на крајот ќе ги видиме резултатите од работата – изјави русинот.

Сироткин смета дека Вилијамс имаат прогрес иако тоа не се гледа.

Доколку излеземе сега во Мелбурн би рекол дека ќе влеземе во К3. Но работата е дека имаме прогрес, а проблемите кои ги најдовме во Бахреин излегуваат дека треба да се почне од почеток.

Ни требаше повеќе време да ги најдеме проблемите и да почнеме од почеток. Откако ги најдовме почнавме со нивно решавање но сепак ова е долг процес. Мислам дека може да сме горди на сработеното и напорот кој го вложивме.


Сироткин: Логично е да останам во Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>