Сироткин: Добра трка на некој начин

86

И покрај тоа што трката ја заврши на 16то место, русинот Сергеј Сироткин е позитивен по трката во Монако. Започна од 13то место, веќе во 7от круг доби казна од 10 секунди поради работа врз неговиот болид пред стартот, а одтогаш успеа да заврши само пред својот тимски колега.

Трката беше добра, не е идеално да се заврши онаму каде што завршив јас, но на некој начин еше добро. Имав на располагање болид кој ми дозволуваше да се борам.

Мислам дека имавме солиден ритам, навистина мислам така и сметам дека дури имавме и шанса за поени, но казната по она шот се случи на гридот ни го одзема тоа.

Покажавме дека многу сме се подобриле на квалификациите. Покажавме многу подобрувања во однос на ритамот на трка, само треба да работиме напорано и ќе успееме да го поправиме болидот – смета Сироткин.

Во ГП2 тркачката серија пред три години русинот заврши на подиум во Монако, а следната трка во Канада е целосна непознаница за него.


Сироткин: Добра трка на некој начин

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>