Сироткин “во игра“ за Торо Росо

65
   

Сергеј Сироткин е последен во низата возачи заинтересирани за местото во Торо Росо за следната година. Според неименуван избор, русинот може да се пресели од Вилијамс во Торо Росо и да формира руски тандем заедно со Даниил Квјат.

Според германски Auto Motor und Sport, Сироткин се натпреварува за местото како замена за Брендон Хартли кој со секоја трка е се подалеку од останување во екипата по само една цела сезона во Фаенца.

Сироткин со себе носи и значителна финансиска поддршка од финансиската институција СМП, а неговите поддржувачи имале состанок со доктор Хелмут Марко во текот на Руското Гранд При во врска со разгледување на можност за “вдомување“ на возачот.

Повеќе од сигурно е дека Вилијамс следната година ќе остане и без Ленс Строл кој ќе мине во тимот на татко му, Форс Индија, по што е можно во Гров да останат две празни места. Но, шпекулациите велат дека Вилијамс ја разгледува можноста Формула 2 возачот Артем Маркелов да вози кај нив како замена за Строл. И Маркелов со себ еима спонзори кои ќе им бидат повеќе од добредојдени во Вилијамс во сезона кога остануваат без главниот спонзор Мартини и милионите на Лоренс Строл.

Во меѓувреме, Естебан Окон исто така откри дека е во преговори со Вилијамс, а “сребрените“ секако дека ќе сакаат да најдат место и за Џорџ Расел.


Сироткин “во игра“ за Торо Росо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>