Сергеј Сироткин призна дека со задоволство би го превземал местото на Роберт Кубица во тимот на Вилијамс.

Русинот беше отпуштен од тимот од Гроув на крајот од минатата сезона, но кризата во тимот стана уште поголема.

често ме прашуваат дали би го заменил кубица. како возач, јас сакам да се тркам против најдобрите возачи во светот во било кој болид, без разлика колку е добар – изјави русинот за новинската агенција Tass.

Во моментов тој одработува како резервист за фабричката екипа на Рено.

моја главна цел е работа на болидот за 2021 година како и болидот за тестирање на 18-инчните тркала кој ќе биде подготвен на крајот на септември, а ќе го возам јас. тоа ми е улоага во моментов.

тимот има голем буџет и многу ресурси така што се очекува многу голем напредок во однос на перформансите. нема да кажам што тргнало наопаку, но кога нема резултати секако дека почнува да се создава притисок.