Скудерија Ферари ги имаше двете најбрзи времиња на последните 60 минути во пресрет на квалификациската сесија во Сингапур. Себастијан ветел беше побрз за 36 стотинки од Кими Раиконен, а над половина секунда од Мерцедес. Хамилтон беше побрз сребрен болид, но Валтери беше на само половина десетинка од него.

Рикардо беше побрз од Верстапен, но заостанаа над секунда од времето на Ферари, а најдобар од останатите беше Роман гросжан со 4 десетинки зад Ред Бул. Окон и Перез на Форс Индија со 8мо и 9то време, но со над 2 секунди заостаток, а Фернанандо Алонсо последен во топ 10.

Шарл Леклер беше најктивен со 20 кругови, комплетирајќи колку Макс Верстапен и Фернандо Алонсо заедно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.