Кими Раиконен постави најбрзо време и беше за само 11 илјадитинки побрз од Луис Хамилтон за време на вторите 90 минути низ Сингапур. Ред Бул беа 3ти и 4ти, Верстапен овој пат постави побрзо време за една десетинка од Рикардо, но заостана зад Ферари половина секунда.

Валтери Ботас беше 5ти и само 6 стотинки зад Ред Бул, додека на 6то место беше Карлос Саинз, но со големи 1,5 секунди заостаток.  Следуваше Хаасот на Роман Гросжан, во топ 10 како 8ми влезе и Фернандо Алонсо, додека Ветел и Хулкенберг ја заокружија најбрзата 10ка, но со 2 секуди побавни времиња од финецот на Ферари. Болидите на Вилијамс беа единствени со поголем заостаток од 3 секунди во однос на најбрзото време на денот.

Брендон Хартли комплетираше дури 38 кругови, 1 повеќе од двајцата возачи на Заубер, додека по 36 кругови зад своето име имаа Саинз, Гасли и Сироткин. Себастијан Ветел имаше судар и мораше предвреме да се паркира во гаржаата по само 12 кругови. Ленс Строл имаше само 17 кругови поради пожар кај задните сопирачки, а извртување имаше и Маркус Ериксон, но успеа да не го оштети болидот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.