Двата болиди на Ред Бул се најдоа на чело на поредокот по првите 90 минути во Сингапур на Марина Беј. Даниел Рикардо имаше најбрзо време и беше за само 2 десетинки побрз од својот колега Макс Верстапен, додека трето време со речиси 3 десетинки заостаток постави Себастијан Ветел. Второто Ферари возено од Кими Раиконен беше половина секунда зад Себ, и последен во иста секунда со водечкиот.

Изненадувачки 5ти беше Нико Хулкенберг со своето Рено кој имаше време повеќе од десетинка побрзо од она што го извози Луис Хамитлон. Седми беше Саинз и тој беше десетинка пред вториот Мерцедес возен од Валтери Ботас. Шарл Леклер и МАркус Еримсон имаа 9то односно 11то време, а последен во топ 10 беше Роман Гросжан.

Најмногу кругови на сеијата комплетираа Ленс Строл од Вилијамс и Брендон Хартли од Торо Росо, по 30, додека сударот во оградата го ограничи Стофел Вандорн на само 11 обиколки.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.