Поранешниот технички шеф на Вилијамс, Пет Симондс, ги намалува очекувањата околу новите правила за година и не смета дека истите ќе направат драстично подобрување во тркањето.

Формула 1 тимовите ќе ги промовираат своите нови болиди следниот месец пред предсезонските тестови, а истите ќе вклучуваат поедноставен аеродинамички пакет во обид да се намали влијанието на струењето на воздухот во меѓусебното тркање, дозволувајќи им на возачите полесно да се следат еден со друг.

Стана очигледно дека може нешто да превземеме за 2019 година преку поедноставување на предните крила.

Тоа е само за да се подобри струењето и да се дозволи болидите да се следат полесно. Никогаш нема да биде совршено и не може да ги промените законите на физиката, но направивме масивни промени од таму каде бевме.

Во однос на 2021 година, ова е мала промена, но мора да запомните дека не гледаме само кон статусот кво. Формула 1 се развива на алармантен начин, не простува.

Ако не превземевме нешто за 2019 година, тогаш болидите ќе беа уште потешки за следење од 2018 година. Тоа што го направивме е што ги уназадивме малку, ги подобривме од минатата година. Ќе мора да почекаме на исходот.

Не очекувајте сензационални промени, но верувајте ми дека ќе беше само полошо. Барем го задржавме статусот кво и очекува работите да бидат малку подобрени.

Тешко е да се стави цена на овие измени. Факт е дека предните крила стануваа премногу комплицирани, со огромен број на дополнителни делови. Не само во деловите кои ги гледате, туку и во алатките кои се користат, со илјадници компоненти.

Конечниот производ е всушност поефтин бидејќи има помалку делови на него. Тоа е факт – вели Симондс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.