Симондс предлага еден или три болиди по екипа

180
   

Пет Симондс смета дека Формула 1 треба да им дозволи на екипите сами да одредат колку возачи ќе возат за нив во шампионатот. Во моментов спортот дозволува максимум два болиди во исто време, додека влез на трка само со еден болид е дозволено во специјални услови како на пример при повреда на еден возач.

Еден од техничките шефови на Формула 1, Симондс, гледа монжст ваквото правило наскоро да биде предмет на промена.

Разгледување на ова правило до сега не било точка на дневен ред, но легитимно е да се бара промена и веројатно на следниот состанок ќе дебатираме околу тоа.

Треба да направиме анализа кој е идеалниот број на болиди по екипа и да решиме дали треба и понатаму да го зголемуваме бројот на екипи во Формула 1.

Сметам дека во моментов еден од главните проблеми на Формула 1 е што веројатно екипите имаат премногу моќ. Веројатно се загрижени дека доколку помалите екипи направат своевидна коалиција, ќе им го превземат приматот, но сакаме и тоа да го промениме со цел да го развиеме спортот – појасни Симондс.


Симондс предлага еден или три болиди по екипа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>