Силверстон му дава дополнителна мотивација на Чеко

50
   

Претстојниот викенд во Силверстон ќе биде домашна трка за најголем дел од Формула 1 екипите затоа што сите британски моторспорт фабрики се во непосредна близина на историскиот силверстон. Чеко Перез од Форс Индија објасни дека патеката секогаш му давала дополнителна мотивација.

Силверстон е многу посебен викенд за нашата екипа. Тоа е единствена трка на која присуствува целата екипа, нивните семејствоа, гости на тимот и многу други луѓе кои ги гледаме еднаш во годината. За нас оваа трка носи многу дополнителна мотивација. Ова е трка на која особено многу сакаме да стигнеме до добар резултат и се надевам деа ќе дојдеме до истиот и ќе можеме да славиме во фабриката.

Самата патека е фантастична и сакам да се тркам на Силверстон. Има добар тек, брза конфигурација и дефинитивно е една од најдобрите на календарот – изјави Перез.

Серхио и неговиот тимски колега Естебан Окон, стигнаа до 8мо и 9то место на претходната трка во Австрија така што имаат добар моментум во пресрет на Силверстон.


Силверстон му дава дополнителна мотивација на Чеко

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>