Силверстон е кул и убав за возење, смета Гросжан

79
   

По првите поени во сезоната преку одличното 4то место на Ред Бул Ринг, Роман Гросжан сака да го задржи моментумот и на претстојната трка во Британија. Со 4то и 5то место минатиот викенд, Хаас на својата 50та трка стигна до својот најдобар резултат во кусата историја.

Гросжан смета дека Силверстон е кул патека, но е далку од лесна за возење и важно е да се има балансиран болид за да се нападнат кривините, особено оние кои бараат полна гас.

Патеката е навистина кул особено брзиот дел Маготс, Бекетс и Чапел. Кога имате грип на болидот таму, г-силите се навистина сензационални. Се ве притиска надоле и навистина сакате сакате да имате совршен влез во тие кривини цело време. Кога болидот е стабиле може да се мине со полна гас и да се дојде до самиот лимит.

Сепак, патеката е забавна, но не и лесна. Имаме три многу брзи делови каде може да задржите добра брзина и да пренесете во следниот дел со цел поставување на подобро време. Имате и големи кривини кои се број 3 и 4 како и целиот последен свиок кои се навистина сложени за “играње“ со гаста. Се на се, ви треба добар заден дел, а ако имате таков, додавате потисна сила на предниот и имате одличен круг – анализира Роман.

Французинот смета дека има неколку места на патеката каде претекнувањето е можно,

Има неколку добри места за претекнување на правците и во летечките кривини, ако добиете можност и ако болидот ви е добро балансиран, може да превземете позиција.

По 3от и 4от свиок, има долга секција по која следат бавни кривини, а тоа исто така е добра мжност за претекнување. Работата со Силверстон е што многу добро покажува добро балансиран од лошо балансиран болид и ние таму ја гледаме шансата – заврши Гросжан.


Силверстон е кул и убав за возење, смета Гросжан

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>