Првиот човек на Британскиот моторспорт, Дејвид , смета дека улична трка за Големата награда н Британија би била несоодветна и наместо тоа, тој го поддржа останувањето на Силверстон на Формула 1 календарот.

Светскиот рели шампион од 1981 година и сопственик на Продрајв е Претседател на британскиот моторспорт од Јануари годинава и се најде повикан во ситуација во која е можно островот да остане без трка од 2020 година.

Во Јули минатата година, Клубот на британските тркачки возачи кои се сопственици на автодромот Силверстон, искористија клаузула од договорот со Формула 1 според која последна трка која се обврзани да оранизираат Гранд При трката само уште во 2019 година.

Се шпекулира дека се разгледува можноста за трка низ улиците на Лондон нешто што се зборува повеќе од 10 години, но логистиката и затворањето на Лондон е преголем залак за било каква организација.

силверстон е единственото место кое може да организира ваква трка. се што би се одвивало на друго место би било несоодветно затоа што нема историско наледство и инфраструктура која со години е градена. легендарниот автодром е клучен за земјата, за моторспортот и за формула 1.

Јасно е дека сме на маргините затоа што комерцијалната врска е помеѓу БРДЦ и Формула 1, а ние можеме само да помогнеме колку што можеме повеќе. јас посетувам многу состаноци со политичари периодот. се надеваме и позитивно сме расположени дека истите позитивно ќе завршат иако и нашата организација мора да ја одигра својата улога  – смета ричардс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.