Роберт Кубица е многу блиску до договор со Скудерија Ферари да биде нивни возач за во симулатор за 2019 година, откако италијанците останаа без услугите на Даниил Квјат кој работеше за нив годинава, но следната сезоан се враќа во Торо Росо на тркачките патеки. Motorsport пренесува дека полскиот возач бил виден во разговор со Маурицио Аривабене во падокот во Мексико Сити.

Приоритет на Кубица секако дека е второто место во Вилијамс кое сеуште е слободно, откако сезонава ја одработи како тест и резервен возач во Гроув, губејќи во директен дуел од Сергеј Сироткин на тест по крајот од минатата сезона.

Вилијамс веќе го потврдија Џорџ Расел, а за второто место се во игра русите Сергеј Сироткин и Артем Маркелов, поддржаниот од Мерцедес возач Естебан Окон, Роберт Кубица, но и Естебан Гутиерез кој изненадувачки викендов влезе во трката за враќање во падокот. Неодамнешните пишувања на медиумтие пренесоа и дека Кубица со себе носи спонзори кои би го поддржале финансиски буџетот на Формула 1 екипата.

Интересно, името на Роберт Кубица беше во комбинација за тркачки возач на Скудерија Ферари пред 9 години, кога беше во врвна форма, пред несреќата на која заработи повреда која ја стави неговата тркачак кариера долго време во мирување.

Доколку Кубица не потпише договор, резервист во Ферари ќе биде Антонио џовинаци кој следната година ќе вози за Заубер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.