Со цел да се направат Гранд При трките поинтересни, челниците на спортот размислуваат да го ограничат тестриањето на гуми во текот на петочните сесии, откри Пади Лоув, техничкиот шеф на Вилијамс.

На годинешнава Голема награда на Америка имаше многу дожд во петок што го ограничи возењето на првите две 90-минутни сесии што донесе до возбудлива трка и победа на Кими Раиконен, пред Макс Верстапен и Луис Хамилтон, сите тројца на различна стратегија во однос на гумите. По таа трка, Рос Браун призна дека има поврзаност помеѓу намалувањето на количестово на податоци кои тимовите го имаат од Петок и возбудливоста на трките.

Пади Лоув откри дека Рос Браун предложил да се оневозможат тимовите да ги користат колку што сакаат сите компоненти на гуми уште во Петок.

болидите се целосно доверливи и целосно оптимизирани за сетирање околу гумите што значи дека со повеќе тестирање добивате многу попредвидливи резултати, така што единствена варијабла е грешката која возачот може да ја направи. Но, денешните возачи се целосно фит, не се заморуваат како порано и одлично се обучени, така што ретко грешат. треба да направиме работи за да се спречи совршената оптимизација.

рос зборуваше за тоа, за намалување на тестриањето на гуми во петок, да се имаат само основите за да се прилагодат болидите на патеката и некои слични работи. потоа, да се работи повеќе на трка, нешто што мислам дека е одлично – откри пади.

Лоув смета дека предвидливоста на модерната Формула 1 е последица на напредокот на тимовите последните 30-тина години и анализата на различнит еподатоци.

пред 30 години доаѓавме на трка со два инженери, а денеска имаме 30 и уште 30 во фабриката.

треба да се спречи оптимизацијата и да се дозволи повеќе различност, повеќе врева што доаѓа од надворешни фактори кои нема да може да се оптимизираат. тоа добро затоа што алтернатива би било да се ослободиме од сите инженери поради ограничувањето на буџетите.

не се обидувам да ги навредан инженерите, тие може да прават други работи во една формула 1 екипа. мислам дека и рос сфати колку се предвидливи трките по негово лично следење и има проект за промена на тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.