Се заговараат големи промени во тркачкиот викенд

758

Раководството на Формула 1 размислува за промени во форматот на тркачкиот викенд, како на пример покуси трки со цел да се привклече повеќе публика. Инцијативата F1 Fan Voice која ја започна Либерти Медиа се чини дека веќе дава резултати од она што го мислат фановите.

Чејс Кери, првиот човек на тркачката серија, откри дека публиката пред телевизорите е во намалување, но главно поради тоа што бразилците немаат наследник на Фелипе Маса и поради тоа што традиционалните бесплатни преноси се заменуваат со платените.

Неодамнешното истражување на германски Auto Motor und Sport покажа дека фановите сакаат саботни спринт трки со цел да се “размрда“ викендот како и напуштање на третата тренинг сесија во Сабота наутро.

Не прашуваат многу битни прашања, најчесто фановите. На пример, не прашуваат каков формат на тркачки викенд е најдобар, колку слободни тренинг сесии мора да има, колку трки треба да содржи календарот, дали може да има повеќе од една Формула 1 трка во текот на викендот, какви се може да бидат квалификациите. Ние имаме и наши идеи, но сакаме да го чуеме и туѓото мислење.

Гледаноста се намалуваше и свесни сме дека Формула 1 треба да биде достапна до поширока публика. Постојат многу луѓе под 30 години кои речиси и да не се интересираат за Формула 1. Мораме да ги задржиме вистинските вредности на спортот, но и да додадеме допадливост за младата публика ако сакаме спортот да не биде во неволја. Ситуацијата е тешка, но мораме да превземем нешто, веројатно тоа не значи куси трки или помалку сесии, но возбуда мора да има.

Луѓето се соживуваат со спортот на многу различни начини, но тоа не значи дека не сакаат трка во Недела попладне или пак и во Сабота попладне. Секоја идеја е на маса и се разгледува – изјави Стив Нилсен, еден од директорите во Формула 1.


Booking.com

Се заговараат големи промени во тркачкиот викенд

5 коментари

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>