Шпекулацијата на денот е поврзана со името на Даниил Квјат кој се споменува како возач кој следната година ќе се врати во Торо Росо откако во вториот дел на 2017 година беше избркан од истата екипа. Сезонава тој е развоен возач кај Ферари откако целосно ја загуби поддршката од Ред Бул.

Се шпекулира дека Маурицио Аривабене, шефот на Ферари, веќе се сретнал со Кристијан Хорнер и Хелмут Марко од Ред Бул во текот на Белгиското Гранд При околу можноста 24-годишниот русин повторно да вози за екипата од Фаенца следната сезона. Тоа би било трето враќање за Дани во тимот каде ја почна кариерата во 2014 година и каде беше вратен од Ред Бул во 2016 година. Името на Квјат се става во комбинација поради недостатокто на возачи кои тимот ги има за следната година откако Даниел Рикардо реши да направи трансфер во Рено, Пјер Гасли е прекомандуван во Милтон Кинс, а Брендон Хартли не ги убедил шефовите дека вреди да му дадат уште една година.

Академијата исто така нема избор од возачи со доволно поени на суперлиценцата за да возат Формула 1, па поради тоа со место во Торо Росо се пворзуваа и младите возачи на Мекларен, Ландо Норис и Стофел Вандорн.

Повеќе имиња се во игра, но до сега немаме донесено никаква одлука. Чекаме и оставаме на Ред Бул да пресече и да објави – најави Тост.

Пости можност и шефовите на Ферари и Ред Бул да разговарале и за услугите на Антонио Џовинаци кои би станал дел од италијанската екипа. Италијанецот возеше две трки за Заубер на почетокот на минатата сезона како замена за Паскал Верлејн, а се споменува и како замена за Шарл Леклер следната година доколку Хаас се одлучат да му направат трансфер од Заубер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.